Јанков ќе го менува Талески во Шкендија

1290

Спортспорт дознава дека за време на зимската пауза во домашниот ПМФЛ шампионат, тимот на Шкендија како прв потег што се однесува до реконструкцијата на играчкиот ростер, ќе направи промена на голманската позиција.

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија Давор Талески ќе биде заменет со друг. Во Тетово пристигнува Ристе Јанков кој есенва беше дел од тимот на Тиквеш, додека Талески ќе замине во друг клуб.

За волја на вистината, Талески и немаше преголема минутажа во Шкендија иако беше доведен како засилување, а во поголемиот дел од мечевите ги бранеше 22. годишниот Астрит Амзаи.

Шкендија е на делба на првото место на паузата од ПМФЛ шампионатот, со 37. освоени бодови, заедно со Силекс и Работнички.

 

 

ПретходноЛесор успешно опериран, го чека пауза од четири месеци
СледноГазета: Следните три меча се клучни за Фонсека