Лацио победнички кај Лече, ама едвај!

44

Лацио со гол во 88.минута и тоа на Марушиќ, сепак успеа да победи на гости кај Лече со 1:2. Интересно, гостите долго се мачеа да го скршат отпорот на жилавиот домашен тим кој во второто полувреме играше со играч помалку откако Жилбер во 45+.минута поради играње со рака доби исклучување. Во тие моменти гостите поведоа од пенал преку Кастељанос.

Шок за Лацио во 50.минута кога Тете Моренте израмни на 1:1. Лацио тргна со сите сили кон нов гол и ново водство, и тоа дојде дури во самиот финиш на средбата кога, како што веќе напоменавме, Марушиќ погоди за конечни 1:2 и за победа на гостите од Рим.

ПретходноГрилиш со порака до фановите на својот некогашен клуб: Јас имам три титули, а вие…. (ФОТО)
СледноУф, каков е овој Атлетико Мадрид? Четата на Чоло со победнички гол во 90+6.минута ја “расплака“ Барса на “Монжуик“! (ВИДЕО)