Хитер најбрза на Супер-Џи во Ст. Мориц, кам-бек на Линдзи Вон

104

Австриската скијачка Корнелија Хитер денеска победи во супервелеслаломот што во рамките на Светскиот куп се одржа во Сент Мориц, Швајцарија. Хитер победи со време од 1:15.18 минути и со тоа го освои својот прв Супер-Џи сезонава.

На второто место заврши Лара Гут-Бехрами од Швајцарија со заостанување од 0,18 секунди, додека трета беше Италијанката Софија Гоџа со заостанување од 0,33 секунди.

Американката Линдзи Вон по пет години отсуство се врати на патеките во Светскиот куп и заврши на 14. место.

ПретходноОдермат со трета победа сезонава, прва во спуст
СледноФИБА потврди: НБА се подготвува да создаде своја лига во Европа