Англија ќе го воведе ВАР во Чемпионшип, Лига 1 и Лига 2

42

Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) сериозно ја разгледува можноста за воведување на ВАР системот во Чемпионшип лигата, но и во Лига 1 и Лига 2 натпреварувањата. Тоа значи дека доколку ова биде реализирано, ВАР системот ќе се користи во првите четири англиски фудбалски лиги.

Досега, ЕФЛ го користеше системот за прегледување само во полуфиналните и финалните мечеви во Лига купот на Англија. Според „Тајмс“, управното тело размислува за евтина ВАР алтернатива за втората, третата и четвртата лига во англискиот фудбал. Системот наречен фудбалска видео поддршка (ФВС) во моментов се тестира, што ќе им овозможи на менаџерите да повикаат на „челинџ“ за да оспорат некоја судиска одлука.

Слично на технологијата што се користи во тенисот на секој тим ќе му бидат дозволени два неуспешни „челинџи“ по натпревар.

„Секоја промена ќе бара детална дискусија и одобрение од нашите клубови“, велат од ЕФЛ.

ПретходноРашфорд добил три понуди од Саудиска Арабија, се уште размислува
СледноТрето засилување: Вардар потпиша со Михаил Маневски