Дуран и Роџерс ја продолжија кризата на Манчестер Сити

40

Фудбалерите на Манчестер Сити го забележија и седмиот пораз во последните десет натпревари откако беа поразени со 2:1 на гостувањето кај Астон Вила. Момците на Пеп Гвардиола се во сериозен проблем бидејќи ако Фулам, Брајтон и Борнмут ги победат нивните натпревари, Манчестер Сити ќе падне на 9-тото место на табелата.

Резултатот го отвори Џон Дуран со гол во 16-тата минута, а во 65-тата Морган Роџерс го зголеми водството на домаќините на 2:0. Единствениот гол за „граѓаните“ го постигна Фил Фоден во 92-та минута.

Астон Вила се искачи на 5-тото место на табелата со 28 бода, а Манчестер Сити се наоѓа на 6-тото место со 27 бода.

ПретходноТрето засилување: Вардар потпиша со Михаил Маневски
СледноОдермат со трета победа сезонава, прва во спуст