Кожув ја доби драмата со Работнички

69

Уште еден интересен меч од 11-то коло во Првата лига. Екипата на Кожув ја запиша третата победа во низа, вкупно седма ова сезона, откако на домашен терен го совлада Работнички со 81-79.

Пилепиќ со 27 поени беше прв стрелец, Вилсон имаше 18 поени, додека два поени помалку запиша Колев. На другата страна, Шошкиќ постигна 26 поени.

Победникот на овој натпревар се решаваше во последните секунди. Откако Шошкиќ погоди само едно слободно фрлање за 79-79, гевгеличани преку Вилсон реализираа за 81-79. На другата страна останаа помалку од шест секунди, прво Ефремовски од тешка позиција од линијата за три поени не беше прецизен, а потоа Полуак за голема радост во редовите на Кожув.

Гевгеличани имаат 18 бод исто колку Работнички и Куманово, табелата ќе биде формирана по комплетирање на ова коло.

Работнички по првото полувреме водеше со 38-40, по одморот беше нешто минимално подобар, третата четвртина ја доби со 13-16, но тоа не беше доволно за да се освои целиот плен.

ПретходноТиквеш се интересира за Воша!
СледноМега – скандал во Србија: Тренерот на Војводина на пресот тргна да се тепа со стратегот на гостите! (ВИДЕО)