Лацио со гол во 88.минута и тоа на Марушиќ, сепак успеа да победи на гости кај Лече со 1:2. Интересно, гостите долго се мачеа да го скршат отпорот на жилавиот домашен тим кој во второто полувреме играше со играч помалку откако Жилбер во 45+.минута поради играње со рака доби исклучување. Во тие моменти гостите поведоа од пенал преку Кастељанос.
Шок за Лацио во 50.минута кога Тете Моренте израмни на 1:1. Лацио тргна со сите сили кон нов гол и ново водство, и тоа дојде дури во самиот финиш на средбата кога, како што веќе напоменавме, Марушиќ погоди за конечни 1:2 и за победа на гостите од Рим.