Одермат со трета победа сезонава, прва во спуст

22

Швајцарскиот скијач Марко Одермат славеше на вториот спуст сезонава, кој денеска се возеше во Вал Гардена во рамките на Светскиот куп. Тој со време од две минути, три секунди и десет стотинки стигна до својата трета победа сезонава, 40-та во кариерата.

Оваа сезона, Одермат победи на Супер-Џи во Бивер Крик и на велеслаломот во Вал д’Изер. Со 45 стотинки послабо време од победникот, Швајцарецот Фрањо Фон Алмен заврши на второто место, додека трет беше Американецот Рајан Кокран-Зигл, со заостанување од 46 стотинки.

Французинот Нилс Алегри заврши на четвртото место, додека Словенецот Мартин Чатер беше петти.

Одермат е лидер во поредокот за спуст со 180 бодови, а го зазема и водечкото место во генералниот поредок со 440 бодови.

ПретходноДуран и Роџерс ја продолжија кризата на Манчестер Сити
СледноХитер најбрза на Супер-Џи во Ст. Мориц, кам-бек на Линдзи Вон