Како што велат нашите информации, можно е во зимскиот преоден рок Тиквеш да добие големо засилување и тоа во името на Арби Воша (23), офанзивецот на Струга Трим Лум. Кавадарчани, барем според она што го дознаваме, биле силно заинтересирани за Воша, инаку некогашен член на Македонија ЃП и Шкупи.
Сепак за овој трансфер да се оствари се разбира дека се прашува и Струга Трим Лум со кого играчот има договор.
Во есенскиот дел Воша и немаше којзнае каква минутажа во тимот на Ќатип Османи, а јасно е дека станува збор за екстра квалитен играч за наши услови па најдобро е за сите тој да игра повеќе и да има поголема минутажа.