Мега – скандал во Србија: Тренерот на Војводина на пресот тргна да се тепа со стратегот на гостите! (ВИДЕО)

487

Невиден, мега – скандал по мечот од Суперлигата во Србија меѓу Војводина и Раднички Крагуевац, кој заврши со победа на домашните од 3:2, а за гостите играше и нашиот Лука Станковски.

Имено откако заврши мечот во прес – центарот на клубот од Нови Сад сите беа во очекување на пресот на двајцата тренери. Тренерот на гостите Феѓа Дудиќ беше на своето место, а во тие моменти дојде домашниот стратег Ненад Лалатовиќ кој тргна да се тепа со својот колега. Настана хаос, и двајцата имаше што да си кажат, и двајцата објаснуваа кој што рекол, кој прв почнал, кој упатувал пцовки, кој ги мразел Србите и така…

Ништо ново кога се однесува до ексцентричниот Лалатовиќ.

ПретходноКожув ја доби драмата со Работнички
СледноАдеми и претставници на Динамо запалија свеќи на местото на страшната трагедија во Загреб! (ФОТО)