Вечерва во мега – дербито во Ла Лига, Барселона и Атлетико Мадрид одиграа 1:2. Спектакуларен меч на “Монжуик“ и победа на “јорганџиите“. И тоа со победнички гол на Серлот во 90+6 минута.Треба веднаш да да се каже дека Барселона има зошто да жали ако се знае дека беше подобра во поле, имаше неколку големи шанси, па и зицери, но сепак беше поразена.
Барса поведе со голот на Педри во 30.минута.
Во второто полувреме Барса повторно поактивна, се креираа шанси, но Левандовски, Рафиња и останатите никако не успеваа да го совладаат одличниот Облак, голманот на Атлетико Мадрид.
И тогаш од никаде голем кикс на Касадо во таа 60.минута, кој го искористи Де Пол за израмнување на 1:1 и за шок на “Монжуик“.
Интересно, гостите имаа супер шанса во 77.минута преку Пабло Бариос за целосен пресврт, но голманот на Барса беше на своето место.
Во самиот финиш Барса агресивна, со шанси, со закани, но бадијала.
И тогаш во таа 90+6.минута Серлот го расплака “Монжуик“ за 1:2, за победа, за големи три бода.
И повторно тоа проклетство, кога не игра Јамал, како вечерва, Барса не може да победи. А на клупата не беше ни Ханси Флик.
Чоло Симеоне во еуфорија, ова е 12 меч во низа на кој неговиот тим победува во сите натпреарувања а во Ла Лига има седум од седум.
Сега Атлетико има 41 бод и е лидер на табелата од 18 меча, Барса има 38 од 19 а Реал Мадрид 37 бода од 17 меча.
Што ли пропушти Барселона?
🚨🇪🇸 GOAL | Barcelona 1-0 Atlético Madrid | Pedri
PEDRI OPENS THE SCORING FOR BARCELONA !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/rqy3oujxr8
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) December 21, 2024
DE PAUL’S GOAL!!!! 😍 pic.twitter.com/eVYElmzc48
— Atletico Universe (@atletiuniverse) December 21, 2024
SORLOTH WITH THE LAST SECOND WINNER!!!!!! pic.twitter.com/9CIbZLIlGV
— Atletico Universe (@atletiuniverse) December 21, 2024