Аморим загрижен: Многу сме нервозни, мора да продолжиме да се трудиме

833

Промената на клупата на Манчестер Ј., очигледно не направи многу за тимот да почне да наликува на оној од најдобрите денови. Рубен Аморим се мачи, а Јунајтед продолжува да тоне.

Борнмут денеска одржа фудбалски час на „Олд Трафорд“, а Аморим од неговото доаѓање прими дури 17 гола на девет натпревари во сите натпреварувања.

„Ако ја погледнете играта, ќе видите дека тие немаа шанса да го постигнат првиот гол. Имавме свои шанси, но потоа се случи тој гол кој го промени текот на натпреварот. Сакавме да постигнеме гол, но бевме премногу нервозни и мораме подобро да се носиме во вакви ситуации. Дури и по пеналот, моравме подобро да ја контролираме играта и мора да продолжиме да работиме напорно, бидејќи само така, но може да се бориме и да се обидеме играме до крај“, изјави Аморим.

ПретходноГостивар на „сметка“ на Чаир им се врати на победите
СледноФестивал на голови во Лондон: Ливерпул „експрес“ го прегази Тотенхем (ВИДЕО)