„Бернабеу“ го испрати со овации: Хесус Навас од денеска е пензионер! (ВИДЕО)

525

Хесус Навас денеска и официјално замина во фудбалска пензија. На денечниот дуел со Реал во 18-тото коло на Ла Лига, некогашниот шпански репрезентативец го одигра последниот меч во кариерата.

Навас влезе како замена во 65. минута, а навивачите на „Сантијаго Бернабеу“ со овации го поздравија. Пред почетокот на натпреварот, играчите од двете екипи организираа почесен шпалир за Навас, а тој доби дрес на Реал Мадрид со автограми на сите играчи.

Навас играше за Севиља од 2003 до 2013 година и од 2017 година. Како дел од клубот од Андалузија, двапати го освои Купот на Шпанија, 4 пати ја освои Лигата на Европа и по еднаш ги освои шпанскиот и европскиот Суперкуп. Хесус стана шампион на Англија со Манчестер Сити во 2014 година.

Како дел од шпанската репрезентација, Навас стана светски шампион во 2010 година и го освои Европското првенство во 2012 и 2024 година.

ПретходноМЗТ Скопје против Работнички во четвртфиналето на Купот на Македонија
СледноФеникс оствари победа против Шкупи