Марјан Стојкоски е нов потпретседател на Фудбалската Федерација на ФФМ!

5801

Веднаш по завршувањето на Вонредното изборно Собрание на ФФМ, на кое Масар Омерагиќ беше избран за нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија, беше одржана и седница на УО на ФФМ.

На истатата беше одлучено за потпреседател да биде Марјан Стојкоски Манта, кој доаѓа на местото на Лазар Ракиџиев кој долги години беше втор човек на Федерацијата во времето на поранешниот претседател Муамед Сејдини.

Стојкоски и тоа како е познат во нашите фудбалски кругови. Некогашен истакнат фудбалер и долго години успешен фудбалски работник и член на УО на Фудбалската федерација на Македонија.

ПретходноСимеоне: Среќен сум, не можам да ве лажам!
СледноПандев спортски директор на националните селекции! Илија Најдоски и Агим Ибраими советници на новиот претседател на ФФМ