Познати се сите двојки за четвртфиналето во Купот на Македонија. За првпат после долго време во битката за полуфиналето ќе се сретнат вечните ривали МЗТ Скопје и Работнички. Актуелниот првак и бранител на трофејот во Купот на Македонија заврши на третото место на табелата зад Пелистер, па така се најде на мегдан со „црвено-белите“ на стартот на ова натпреварување. Победникот од оваа двојка ќе се игра со подобриот од дуелот меѓу Пелистер и Чаир.
ТФТ кој заврши како лидер до 11-то коло ќе игра пртив Гостивар. Тимот кој ќе ја добие оваа пресметка во полуфиналето ќе вкрсти со подобриот од Куманово и Кожув.
Куп на Македонија
Четврт-финале
(1) ТФТ – Гостивар
(2) Пелистер – Чаир
(3) МЗТ Скопје – Работнички
(4) МКК Куманово – Кожув
Полуфинале
Победник (1) – Победник (4)
Победник (2) – Победник (3)