Реал во шампионски сјај за крајот на календарската година (ВИДЕО)

129

Фудбалерите на Реал Мадрид на импресивен начин ја завршија календарската 2024 година, откако на домашен терен го совладаа тимот на Севиља во дербито од 18. коло од Примера со 4:2. Со оваа победа Реал дојде на второто место, заостанувајќи само бод зад лидерот Атлетико.

Реал Мадрид поведе во 10. минута со голот на Килијан Мбапе, кој очигледно го преброди најтешкиот период во дресот на кралскиот клуб. Седум минути подоцна, Мбапе имаше можност да постигне втор гол, но шутираше далеку и не успеа. Веќе во 20. минута беше 2:0 за кралскиот клуб бидејќи Федерико Валверде го постигна еден од најубавите голови оваа сезона.

Родриго во 34. минута рутински го матираше голманот на Севиља и донесе водство за „кралевите“ од 3:0. Сепак, во следниот напад гостите од Андалузија успеаја да го постигнат првиот гол на натпреварот преку Исак Ромеро.

Во 53. минута Реал ја врати предноста од три гола кога Дијаз одлично реагираше на асистенцијата на Мбапе и зголеми на 4:1. Конечните 4:2 ги постави Лукебакио во 86. минута.

ПретходноБохум конечно победи
СледноГостивар на „сметка“ на Чаир им се врати на победите