Феникс оствари победа против Шкупи

45

Кошаркарите на Феникс остварија победа против екипата на Шкупи со 78:73 во натпреварот од 11-тото коло од македонската кошаркарска лига. Двата тима кои се наоѓаат на само 3 бода од дното на табелата одиграа многу интересен меч во кој домаќините остварија трета победа оваа сезона.

Митревски и Марфи беа најефикасни кај екипата на Феникс со 23, односно 15 поени, додека пак кај екипата на Шкупи најефикасни беа Трибл со 23 поени и Арнолд со 14 поени. Феникс се наоѓа на 11-тата позиција на табелата со 14 освоени бода, додека пак Шкупи се наоѓа на 10-тата позиција, исто така со 14 бода.

Претходно„Бернабеу“ го испрати со овации: Хесус Навас од денеска е пензионер! (ВИДЕО)
СледноАртета: Не е лесно да дадеш пет гола како гостин во Премиер-лига!