Ливерпул уште еднаш потврди дека во моментов е најдобриот тим во Англија, а веројатно и во Европа. „Црвените денеска го растурија Тотенхем на гости со резултат 3:6, но ако беа малку поупорни, можеа на момците на Постекоглу да им дадат и 10 гола!
Повторно, Мохамед Салах имаше свој ден за паметење. Денеска постигна два гола, а имаше и две асистенции. Му се придружи Доминик Собослај, кој постигна гол и забележа две асистенции.
Инаку, Салах со два гола и две асистенции стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој пред Божиќ забележал двоцифрен број на голови и асистенции (15+11).
„Црвените“ го уништија Тотенхем, имаа 24 удари кон голот, а лесно можеа да постигнат и 10 гола, но очигледно го намалија темпото и му дозволија на домашниот тим да го ублажи поразот.
Два гола за Ливерпул вечерва постигна и Луис Диаз, а еден Мек Алистер. Головите за Тотенхем беа дело на Медисон, Кулушевски и Соланки.