Менаџерот на Арсенал, Микел Артета беше воодушевен по успехот од 5-1 над Кристал Палас на Селхарст Парк. Тој изјави дека никогаш не е лесно да се постигнат пет гола на гости во Премиер-лигата. Куриозитет е што ова беше втор последователен натпревар на двете екипи во неделата, откако претходно се сретнаа и за „Карабао купот“ и „топчиите“ повторно победија со 3:2.
“Ова беше многу добра недела. Секогаш е чудно да се игра ист противник двапати во три дена. Почнавме добро, но потоа примивме гол. Но играчите добро одговорија. Никогаш не е лесно да се постигнат пет гола на гости во Премиер-лигата“.
Тој ги пофали и настапите на Габриел Хесус и Деклан Рајс.
„Во деновите пред натпреварот можеше да се каже дека Габриел е подготвен. Не се сомневав во него. Кога играчот има моментум, тој мора да игра. Постигнавме неколку добри голови и имаше различни лица. Тоа е позитивно. Кога Рајс влезе во играта, тој ни даде нешто што недостасуваше во нашата игра. Тој ја презеде контролата. Се соочуваме со различни потешкотии, но тимот се прилагодува и се бори на секој натпревар“, додаде Шпанецот.
За крај ја прокоментира и состојбата на повредениот Букајо Сака:
“Почувствува нешто, рано е да се прогнозира. Превентивно го извадив”.