Гостивар на „сметка“ на Чаир им се врати на победите

54

Екипата на Гостивар им се врати на победите по поразот од Работнички во минатото коло. Избраниците на Љупчо Малинков пред своите фанови го совладаа Чаир со убедливи 90-75 во меч од 11-та рунда во Првата лига.

За Гостивар ова е само четврта победа оваа сезона, има седум порази, додека на другата страна Чаир го запиша пак четвртиот пораз, има седум победи.

Домаќинот одигра одлично прво полувреме. Во првата четвртина со серија од 12-3 поведе со двоцифрени плус 11 (22-11), позитива со која го заврши овој дел (24-13). Кошаркарите на Гостивар доминираа и во следните десет минути, претежно имаа двоцифрена разлика. На одморот водеа со 45-31.

Ниту по одморот не се промени ништо, Чаир беше немоќен, негативата изнесуваше 20 поени (61-41), па на другата страна домаќинот без проблем го приведе овој дуел во своја корист.

Грушановиќ имаше 21 поен кај победникот, додека по 17 поени постигнаа Митевски и Хамптон. На другата страна Кирк запиша 21 поен.

ПретходноРеал во шампионски сјај за крајот на календарската година (ВИДЕО)
СледноАморим загрижен: Многу сме нервозни, мора да продолжиме да се трудиме