Одермат со нов триумф, овојпат во велеслалом

22

Марко Одермат не престанува да победува во овогодинешниот Светски куп и да собира бодови на секоја трка. Конкренто денеска, Швајцарецот прв мина на цалта на велеслаломската трка во Вал Гардена со време од 2:31:45.

На втората позиција се пласираше французинот Лео Ангоно со 85 стотинки заостанување, а трет беше Стен Олсен од Норвешка со 86. стотински заостанување.

Филип Зупчиќ од Хрватска имаше фантастична можност за подиум откако беше прв по првата трка, но на крајот беше само четврти.

Во генералниот пласман Одермат е прв со 440 бодови, Кристоферсен е втор со 390.

ПретходноФОТО И ВИДЕО НА ДЕНОТ: Пандев прв му честиташе на Масар!
СледноВаленсија и Столе се спасија од пораз против Алавес