Омерагиќ за Милевски, за Ристовски и Адеми, за тоа кога ќе се воведе ВАР!

1075

Од денеска Масар Омерагиќ е претседател на Фудбалската федерација на Македонија. По завршување на Вонредното изборно Собрание, тој застана пред новинарите пред кои одговараше на нивните прашања кои секако дека се интересни за јавноста.

Тој говореше за приоритети, за селекторот Милевски, за Ристовски и Адеми, за тоа кога ќе се воведе ВАР и за друго:

Вар ке има од наредната сезона 2025/26. Значи од наредната година, затоа што е потребен рок од неколку месеци за обука и инсталирање на тој систем. Меѓутоа сигурно ќе биде инсталиран до почетокот на наредната сезонана некаде во август“ посочи новиот претседател на ФФМ.

Омерагиќ знае дека пред него се големи предизвици, знае дека го чека тешка и напорна работа. А секако дека има и порака до сите добронамерници кои ќе сакаат да помогнат во работењето за подобра иднина на мак – фудбалот.

Јас и во мојот говор ја пратив таа порака. Сите оние добронамерни кои ќе сакаат да учествуваат во работењето на ФФМ, вратите им се ширум отворени. Ние сме свесни дека ќе треба да работиме уште понапорно за да имаме подобри резултати. Пласманот на ЕП и победата над Италија ние тоа мора да го докажеме во наредниот период со континуитет на квалитетни игри. Мораме да направиме сите што се способн и заслужуваат да играат во нашата репрезентација да учествуваат во тоа. Тоа значи дека сите треба суетите да ги остават на страна зошто нционалната репрезентација е гордоста на Македонија. Секој оној кој заслужува и има желба да игра за репрезентацијата треба да даде свој придонес“.

Кои се приоритетите во неговото работење како прв човек на ФФМ.

Приоритетети се повеќе, еден од нив е комплетна реконструкција во начинот на работење во младинските категории. Тука работите не стојат добро. Ние не го искористивме пласманот на ЕП за да сето тоа го верификуваме во наплив на нови и млади играчи. Таму ние стагнираме, имаме многу лоши резултати и основа ќе ни биде во тие категории да се направи една реформа. Планираме во рок од две години да се покаже некакви резултати. А сето тоа младите селекции да бидат расадник за селекцијата до 21 година од која што треба да црпите играчи кои што треба да настапуваат во А – селекцијата.

За тоа дали ќе има промени на селекторската функција, Милевски.

Во овој момент не размислуваме за такво нешто. Вистина за волја ние бевме први во групата и немам намера да влечам нефудбалски потези, тоа веднаш да го кажам. Без разлика на кризата на резултатите што ги имавме и кризата во играта во играта во одреден период, факт е дека ние групата ја завршивме на првото место и во март започнуваме со квалификациите за СП. За сите во фудбалот, па и за мене истото ќе важи и за селекторите – а тоа се резултатите. Во моментов Милевски е селектор на А- репрезентацијата и не планирам во тој поглед никакви промени. Нормално дека во иднина се ќе зависи од резултатите и игрите кои ќе ги прикажат

репрезентативците“.

За суетите…

Не мислам само на Ристовски и Адеми, мислам на сите играчи кои од биоло какви причини не настапуваат за репрезентацијата. Значи Македонија е мала земја, ние немаме богатство да се расфрламе со играчи. Ние мораме тоа со што го располагаме да го искористиме за максимален добробит на репрезентацијата. Да, меѓу другите мислам и за Ристовски и за Адеми кои што се одлични фудбалери и прекрасни личности кои настапуваат во ЛШ. Нормално, треба да се седне да се разговара. Напоменувам, интересот на Р. Македонија е на прво место, а потоа се друго“.

За крај Омерагиќ имаше посебна порака.

На крај да кажам дека во иднина јас како прв човек на ФФМ во целост ќе се залагм за тоа да имаме чесно првенство. Мораме да ги почитуваме, респектираме газдите и спонзорите на клубовите. Не смееме да ги изгубиме нивм, тие лица кои што вложуваат пари во клубовите“ заврши Омерагиќ.

ПретходноПандев спортски директор на националните селекции! Илија Најдоски и Агим Ибраими советници на новиот претседател на ФФМ
СледноФлик го изгуби трпението: Го најде виновникот за поразот, а на една ѕвезда веднаш и ја покажа излезната врата!