Омерагиќ избран со акламација за нов претседател на ФФМ: Ветувам чесна работа – уште од утре!

965

Македонија има нов претседател на Фудбалската Федерација. Тоа е Масар Омерагиќ, единствениот кандидат за нов претседател, по оставката на досегашниот прв човек, Муамет Сејдини, кој што се повлече од оваа функција на денешното вонредно Собрание на Фудбалската Федерација на Македонија.

Омерагиќ, кој е добро познат на македонската фудбалска јавност како борец за подобар македонски фудбал ја доби довербата од 62. присутни делегати на собранието, а во неговото обраќање по повод изборот и им се обрати на присутните но и на пошироката јавност.

„Членови на УО на ФФМ, делегати на собранието,фудбалски работници, новинари – министер за спорт! Посебно добредојде за Марион Гава и Емили Дом од ФИФА и Денис Бастори од УЕФА. На ова Собрание на ФФМ сум единствен кандидат за претседателската функција, но тоа е само мотив повеќе и поголема обврска за мене лично да влезам во тимската игра на Фудбалската федерација за добивање на довербата од Вас делегатите за лидерската позиција во „куќата на фудбалот“. – го отвори Омерагиќ своето обраќање на собранието.

Трпение, упорност и многу жртва

„Трпение, упорност и многу жртвувања! И пред многу години бев на оваа иста говорница но ете судбината сакала токму денеска и токму сега да го побарам вашиот глас и доверба. И јас сум еден од вас човек од фудбалот. Знам како треба и знам во која насока треба да го развиваме фудбалот во Македонија. *Фудбалот е тимска работа и поединец не може сам. Како и на теренот“ – рече новиот претседател па продолжи

„Треба многу трчање, многу работа, многу пот за да се стигне до победата. Таков е фудбалот во кој се паметат само победите и успесите а таква е и претседателската работа во федерацијата. Заедно ќе се радуваме на успесите, заедно ќе тагуваме во поразите. Ова е спорт во кој нема денес за утре, ова е спорт кој бара напорна работа и многу добар тим за да се постигне целта. Знам како, верувам во она што ќе ви го кажам сега!  – дециден е Омерагиќ.

Легендите ќе бидат дел од ФФМ

Враќање на легендите во структурите на ФФМ, на фудбалски работници и имиња кои допринеле нашата земја република Македонија да биде позната на фудбалски план а имаат желба да помогнат.Чест ми е што мојојот тим и мојата програма ја препознаа многи наши истакнати фудбалски имиња, а дел од нив се и денеска во салава.

Фудбал за секое дете. Мојот сон во минатото но и сонот на секое дете кога ќе порасне е да биде фудбалер, добар фудбалер… Сите ние сме биле во тој сон а Ние тука и ние од утре заедно треба да му дадеме шанса на секое дете да го живее својот фудбалски сон. Затоа максимална и темелита програма и систем за унапредување на младинскиот фудбал, младинските селекции…женскиот фудбал , и судиската и тренерската организација.

Регуларно првенство, враќање на публиката на теренот и силни клубови.

Регуларно првенство, враќање на публиката на теренот и силни клубови. Под итно воведување на ВАР технологија на стадионите. А потоа и инфраструктура со трибини, рефлектори и терени. Спонзор на Лигата, спонзор за судиската организација . Сигурност за фудбалерите и грижа за лиценцниот систем по клубовите.Максимална соработка со сите клубови во интерес на фудбалот. Обединување околу националните селекции и максимална подршка во подготовките на сите репрезентации. Фудбалот е спорт кој ги обединува сите разноликости , а Македонија е пример.

Чесност, чист образ и транспарентност. Тоа можам да ви го ветам сега и веднаш. Вратите на ФФМ се ширум отворено за сите кои имаат визија, програма и идеи за развој на фудбалот. Но ќе биде и затворена за сите оние кои работат спротивно на интересите на фудбалското семејство во република Македонија , и се влезени во фудбалот од интерес и го злоупотребуваат овој спорт за лични интереси на штета на сите нас. Таквите ќе имаат голем непријател во мене. Немам волшебно стапче но имам и визија и трпение и добар тим околу себе. Веќе од утре почнуваме со напорна и тешка работа. Заедно ќе успееме, Ви благодарам“.

ПретходноУЕФА и ФИФА: Му честитаме на новиот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ
СледноСимеоне: Среќен сум, не можам да ве лажам!