Едногласно што се вели, фудбалска Македонија го избра Масар Омерагиќ за нов претседател на Фудбалската Федерација на Македонија. Нов лик на чело на нашиот фудбал, кој уште во своето прво обраќање кон присутните на денешното вонредно собрание, но и на целата јавност и порача дека и него и неговиот тим го чека многу работа, која стартува уште денеска.
А во неговиот тим се од ред познати ликови. Икони на мак фудбалот. На чело со Горан Пандев. Следува Агим Ибраими, Илија Најдоски, Ѓорѓи Христов… легенди кои конечно се дел од раководните структури на ФФМ, онаму каде што им е местото, каде што треба да бидат.
„Масар Омерагиќ е најдоброто решение за претседателската функција на ФФМ. Посакувам трпение и успех во патот напред за македонскиот фудбал“ – изјави Горан Гранде Пандев, а на него се надоврза и Агим Ибраими.
„Направивме вистински избор. Лидерството е за луѓе со визија и одлучност. Доаѓаат подобри денови за македонскиот фудбал“ – рече Ибраими.