Точно во 11:00 часот како што и беше планирано, денеска во хотелот Хилтон во Скопје, апочна вонредното собрание на Фудбалската Федерација на Македонија, со точка на дневен ред, избор на нов претседател.
Со оглед на фактот што на ова собрание има еден кандидат за претседател, а тоа е господинот Масар Омерагиќ, тој секако дека и ќе биде изрбан за нов прв човекот на фудбалот во Македонија.
Пред полн аудиториум, односно полна сала, фудбалски работници, гости, што домашни што странски, прв на присутните им се обрати, досегашниот претседател, Муамет Сејдини, а по него и гостите од УЕФА и ФИФА, Денис Бастари, односно Марија Гавар од ФИФА.
Со дипломатски тон, и највисоко можно ниво, високите гости се обратија, му честитаа на новиот претседател и му посакаа успешна работа на домашно тло, и уште поуспешна соработка на интернационално.
„Господине Масар Омерагиќ, ви честитам на новата функција и ви посакувам големи успеси водејќи го фудбалот во Македонија“ – рече Денис Бастари од УЕФА.