ФОТО И ВИДЕО НА ДЕНОТ: Пандев прв му честиташе на Масар!

991

Очекувано, акламативно, од денеска Масар Омерагиќ е нов предводник на мак – фудбалот. Некогашниот фудбалер, познат спортски работник и успешен бизнисмен е новиот претседател на Фудбалска федерација на Македонија.

И кога завршија сите формалности, кога Масар и официјално на денешното Собрание беше прогласен за претседател на ФФМ, се разбира дека првите честитки дојдоа од кој друг, ако не од Горан Пандев, од нашата фудбалска икона.

Да, Горан Пандев ќе биде еден од најблиските соработници на Омерагиќ, и доликува некогашниот европски и светски првак прв да му честита на Масар.

Токму затоа ова е ФОТО НА ДЕНОТ.

ПретходноПандев и Ибраими единствени: Направивме вистински избор, Омерагиќ е најдоброто решение за претседател
СледноОдермат со нов триумф, овојпат во велеслалом