Александр Усик го победи Тајсон Фјури и ги одбрани светските титули во тешка категорија. Двајцата боксери добро го наплатија доаѓањето во Саудиска Арабија и влегувањето во рингот.
Усик и Фјури направија вистинско богатство во втората пресметка. Тие ќе добијат 190 милиони долари без трансферната сума.
Претходно беше договорено победникот од оваа борба да добие 60 отсто од парите. Во овој случај се работи за Усик и неговата сметка е исполнета со 114 милиони долари.
Од друга страна, Фјури нема да плаче премногу бидејќи од вечерва е побогат за 76 милиони долари.
Фјури го напушти рингот по мечот, а потоа на прес-конференцијата изјави дека мисли дека победил во двата меча што се одиграа.
“Уверен сум дека ги добив двете борби и си одам дома со два порази. Не можам ништо да направам. Еве што се случува кога не го нокаутирате противникот. Мислам дека победив најмалку три рунди повеќе, тој доби божиќен подарок од судиите“.