Митревски: Верувам дека максимално подготвени ќе го дочекаме стартот на Светското првенство!

216

Македонската машка ракометна репрезентација и официјално означи старт на подготовките за настап на Светското првенство 2025 година. Нашите ракометри првиот дел од подготовките ќе го одработат во Стара Пазова каде ќе останат до 30 декември. Селекторот Кирил Лазаров се одлучи за 20 имиња, но и неколку резерви кои можат да бидат повикани во секој момент.

Искусниот репрезентативен голман, Никола Митревски верува дека до стартот на Мундијалот ќе бидат максимално подготвени и комплетен состав.

„Среќни сме за почетокот на подготовките за Светското првенство кое го очекуваме со нетрпение. Имаме доволно време за подготовка и за одигрување на пријателски натпревари. Треба максимално да се спремиме за напорите и предизвиците кои не очекуваат во Хрватска. Се надевам дека се ќе помине во најдобар ред во овој период и подготвени ќе го дочекаме стартот на Светското првенство“, вели Митревски. 

Македонија е во групата Д заедно со Унгарија, Холандија и Гвинеја, натпреварите ќе ги игра во Вараждин (Хрватска).

Во агендата на Лазаров за време на подготовките засега е контрола со селекцијата на Хрватска.

ПретходноНова бламажа на Јунајтед, Борнмут славеше на Олд Трафорд со 0:3 (ВИДЕО)
СледноБохум конечно победи