Спектаклот во главниот град на Саудиска Арабијам Ријад, го доби Украинецот Олександер Усик, кој повторно го победи Британецот Тајсон Фјури во реванш со едногласна одлука на судиите. Усик на овој начин ги одбрани титулите светски шампиони во тешка категорија на ВБА, ВБО и ИБО.
Во првата борба ја освои и титулата на ИБФ, но во меѓувреме ја загуби поради посебни правила на организацијата. Усик се уште е непоразен во 23 професионални борби, а Фјури останува на 34 победи. Усик му ги нанесе единствените два порази. Гледавме многу тесни 12 рунди и одличен бокс од двете страни.
По претпазливиот старт, Фјури го потресе Усик во втората рунда со моќен удар на главата и од тој момент Фјури изгледаше како да доминира во воведните рунди. Во шестата рунда, Усик наеднаш го зголемил темпото и победи неколку рунди по ред, честопати принудувајќи го Фјури да се врати кон јажињата.
Фјури бараше моќни удари, додека Усик најмногу се закануваше со комбинации и брзи удари по глава и тело. Фјури не можеше да го затвори растојанието меѓу себе и Усик и да ја искористи својата масовна предност во тесна борба.
Во последните четири рунди повторно видовме многу тесна борба и кога ѕвоното означи крај на дванаесеттото последна рунда, веројатно никој освен судиите не знаеше кој ќе биде победник. Набрзо беше објавено дека судиите едногласно одлучија дека Усик е победник.
What a night of fights 🙌 Presented by @autozone 🥊 pic.twitter.com/9DRqOjOTun
— DAZN Boxing (@DAZNBoxing) December 22, 2024