Македонската ракометна репрезентација денеска замина за Стара Пазова каде ќе го одработи првиот дел од подготовките за учество на Светското првенство 2025 година. Селекторот Кирил Лазаров и неговите избраници ќе играат против Холандија, Унгарија и Гвинеја, а според системот за натпреврување првите три селекции од секоја група ќе се пласираат во главната рунда.
На списокот предводникот на нашиот најдобар национален тим се најдоа 20 имиња, во составот се враќа Никола Митревски, а го нема Филип Талески. Од дуелот со Литванија, Лазаров на располагање ќе ги има Томи Јагурновски и Ненад Костески, кои поради повреди беа отсустни.
Нашата репрезентација од Стара Пазова се враќа на 30 декември, а според првичниот план на 8 јануари ќе одигра пријателски натпревар против Хрватска.
Официјалнен распоред и термини на СП 2025:
- 15.01.2025 – Унгарија – Македонија – 20:30 часот
- 17.01.2025 – Холандија – Македонија – 18:00 часот
- 19.01.2025 – Македонија – Гвинеја – 20:30 часот