И тоа како имаше исполнета агенда во својот прв, понеделнички, работен ден новиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ. Имено тој прво беше пречекан од вработените во Федерацијата, за да потоа се поздрави со сите нив и за сите одвои по некоја минута. Потоа ги посети просториите каде што престојуваат децата во Академијата на ФФМ, се гледа дека не беше расположен од тоа што го виде, а тоа го кажа и на новинарите подоцна. Новиот претседател прошета и до двата терени во склоп на тренинг – центарот. Се разбира дека, и тоа заедно со спортскиот директор Горан Пандев, имаше средба со селекторот на А-репрезентацијата Благоја Милевски, за да потоа цели два часа се дружеше и со големиот број новинари.
Од видеово може да се види убаво како мина првиот работен ден на новиот претседател на Фудбалската федерација, Масар Омерагиќ: