Има најави од новото раководство на ФФМ натпревари од едно коло во ПМФЛ да има во петок, сабота и недела!

3469

Се чини дека нема да се повтори она што беше вообичаено во минатите гоидини, а посебно во есенскиот дел, сите мечеви да се играат во еден ист термин, на пример во недела од 15 часот. И се случуваше во исто време да се играат три средби во Скопје, и сите да бидат дербија. На пример на Арената во Скопје играат Вардар или Работнички, на Маџари домаќин да е Гостивар а на Чаир дома да игра Шкупи.

Секако дека ова беше лошо за оние фудбалски фанови кои сакаат да ги следат сите три меча во Скопје, а зошто да не и сите мечеви во ПМФЛ на раат што се вели, како што е не само во Европа туку и на овие простори.

Токму затоа новиот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ на денешниот брифинг со новинарите истакна дека тој лично ќе се заложи тие шест средби од едно коло во ПМФЛ да се играат во три дена, и тоа по два во петок, во сабота и недела, а не како што досега беше истите да се играат во еден ден и тоа во ист термин.

Секако дека ова е убава вест за фановите на нашата елитна лига.

ПретходноИраола: Оваа победа не прави голема разлика
СледноТиквеш преговара со Мишов и Миловановиќ!