Мбапе: Го допрев дното по промашениот пенал!

257

Фудбалерите на Реал Мадрид во саботата ја совладаа Севиља во натпреварот од 18. коло на шпанската Ла Лига, актуелниот шампион победи со 4:2. Реал беше особено добар во воведниот дел од натпреварот, а за да постигнат три гола му требаа нешто повеќе од половина час.

Килијан Мбапе постигна гол на четири натпревари по ред и почна да ги замолчува критичарите:

“Можам многу повеќе. Знам дека имам повеќе во моите нозе, играв подобро во последните натпревари. Натпреварот со Билбао беше добар за мене, јас го допрев дното, го промашив пеналот и дојде време да сфатам дека морам да дадам се од себе за овој дрес и дека морам да играм со личност“.

На крајот се осврна на неговото прилагодување во тимот:

„Дадовме се од себе во првото полувреме: постигнувавме добри голови, секогаш игравме напред… На крајот постигнавме многу голови и мислам дека навивачите на Реал можат да бидат среќни, мислам дека се познаваме подобро. Се приклучив на тимот, а сега адаптацијата, како што вели тренерот е готова и се чувствувам добро. На теренот може да се види дека подобро ги разбирам своите соиграчи и играме се поквалитетно“.

ПретходноНов трипл-дабл на Србинот: Денвер на „крилата“ на Јокиќ до сензационален пресврт (ВИДЕО)
СледноАморим: Сакаме да постигнеме гол, но премногу сме нервозни