Уште едно солидно издание на нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ во дресот на Олимпија Милано. Во меч од домашниот шампионт, Нено и другарите на свој терен убедливо славеа против составот на Трапани со 105:90.
Македонскиот кошаркар на теренот мина 22 минути и забележа 11 поени, три скокови и пет асистенции.
Сепак не беше така лесно како што кажува на крајот резултатот. Првата четвртина ја добија гостите со 22:24, Милано во втората врати со 28:13, но пресудна беше третата четвртина која “манекените“ ја добија со 31:16 и тоа беше тоа од овој меч.