Нов скандал во тенисот поради допинг

278

Австралискиот тенисер Макс Персел, двократен победник во двојки на Грен слем, е привремено суспендиран поради антидопинг прекршувања и ќе го пропушти Австралија Опен во јануари, објави Меѓународната агенција за тениски интегритет (ITIA).

Рангиран на 12-то место во светот во двојки, 26-годишниот Австралиец призна дека користел „забранети методи“ и „побара привремена суспензија на 10 декември“, соопшти ITIA, без да даде дополнителни детали за прекршокот. Привремената суспензија започна на 12 декември додека се чекаат заклучоците од истрагата и одлуката за санкцијата, додаваат од Агенцијата.

Персел го освои Вимблдон во 2022 година заедно со сонародникот Мет Ебден, потоа УС Опен во 2023 година заедно со Џордан Томпсон.

ПретходноАнчелоти: Мбапе покажа дека и јас некогаш сум во право
СледноСон го искористи Ливерпул за да ги „пецне“ играчите