ОФС Кавадарци со пригодни признанија за Тиквеш, Јанчев, Бартон! (ФОТО)

2792

Вечерва во Кавадарци, а во организација на ОФС Кавадарци на специјална манифестација на која гости беа и претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и потпретседателот Марјан Стојкоски, беа доделувани просебни признанија.

Се разбира во преден план беше ФК Тиквеш кој во оваа 2024 година испиша историја, го освои Купот на Македонија и за првпат играше во Европа.

Првиот човек на ОФС Кавадарци, Сашко Тасев, прво му додели признание на градоначалникот Митко Јанчев за тоа што тој го прави со вложувањата во ФК Тиквеш, а потоа признание доби и самиот клуб претставен од директорот Миле Масларков.

Судиската организација на ОФС Кавадарци не го заборави Јосип Бартон кој деновиве замина во судиска пензија.

Убав, прекрасен гест на ОФС Кавадарци. Откако и официјално Јосип Бартон замина во пензија, еден од нашите најдобри судии, кој долго време беше жртва на претходниот режим на Марјан Ристевски, вечерва доби подароци по повод заминувањето од активното судење.

Секако дека по се ова се докажува дека Бартон како судија како човек бил респектирана личност. Тој до пред некоја година важеше за еден од нашите најдобри судии, но ете, комесарот за делегирање судии не му дозволи на Бартон да суди на највисоко ниво во мак – фудбалот.No description available.No description available.No description available.

No description available.

ПретходноБелград е “црвено – бел“: Ц.Звезда во мега – дербито во АБА лигата го “скрши“ Партизан!
СледноЕве како мина првиот работен ден на новиот претседател на ФФМ: Масар на средба со вработените, со Милевски, со новинарите! (ВИДЕО)