Слот: Беше неверојатно, уживав исто како против Јунајтед!

288
Фото: ФЦ Ливперул/Твитер

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот зборуваше по победата на неговиот тим од 6-3 над Тотенхем на последната средба пред божиќните празници. Холандскиот стручњак го сподели мислењето дека ова е најсилниот настап на „црвените“ на гости откако е дојден во клубот.

„Тоа беше веројатно нашата најдобра претстава на гостински терен, иако уживав и во натпреварот на гостувањето кај Манчестер Јунајтед“, изјави Слот.

Тренерот на Ливерпул зборуваше и за развојот на самата средба, анализирајќи ги различните моменти кои ги оценуваа.

„До 60-65 минута многу ми се допадна она што го видов. Секако, мора да се нагласи дека еднаш бевме фатени со топката пред нашиот гол и веднаш следеше гол за Тотенхем. Мислам дека ако влеговме во соблекувалната на полувремето со 2-1 за нас наместо 3-1, тоа немаше целосно да ги одрази шансите што ги создадовме. Затоа бев среќен со тие 3:1. Потоа стана 4:1, 5:1, а тие голови дојдоа по неверојатна претстава. Но, тогаш видовте – колку и да имате квалитетни играчи, ако мислат дека не треба да трчаат повеќе во оваа лига, а особено против Тотенхем затоа што се толку добри со топката, веднаш почнуваат да ве казнуваат. И тоа го направија – постигнаа два брзи гола. Да бидам искрен, бев среќен кога влезе шестиот“, додаде Слот.

Со трите бода и погрешниот чекор на второпласираниот Челзи, кој ремизираше 0-0 со другиот матичен клуб на Битлси, Евертон, Ливерпул го обезбеди првото место за празниците. Сепак, менаџерот на „црвените“ го сподели мислењето дека допрва ќе се разоткрива интригата во шампионатот на Островот.

„Секако дека тоа значи нешто затоа што секогаш претпочитате да бидете таму каде што сме во моментов. И да се биде прв е подобро отколку да се биде на друга позиција. Но, вие знаете исто како и јас – колку е тешко да се биде шампион“, додаде Слот.

ПретходноЦикарски повторно во дресот на ФК Вардар: Да го вратиме тимот онаму каде што му е местото!
СледноНово име во стручниот штаб на Кирил Лазаров!