Очигледно е дека Тиквеш не се шегува. Кавадарчани имаат и тоа како намера да го засилат својот тим во текот на зимскиот преоден рок ако се знае што ги чека напролет.
Па така откако денеска и официјално се договорија со Арби Воша, што секако е големо засилување, нашите информации велат дека кавадарчани тука не застануваат.
Имено во моментов се преговара со Александар Мишов и Даниел Миловановиќ. Преговорите биле во завршна фаза и ако се биде како што треба тогаш и двајцата кавадарчани повторно ќе го облечат дресот на својот Тиквеш.
На Миловановиќ последен клуб му беше Брера Струмица, додека на Мишов тоа е Туран од Казахстан.
Кога сме кај голманите, Ристе Јанков си замина од Тиквеш, а за тоа дали ќе има нов голман или шанса ќе му се даде на Стефан Истатов кој на последните два меча во есенскиот дел бранеше фантастично, допрва ќе се знае.