Во овој момент се одржува седница на Управниот Одбор при РФМ. Една од точките на дневен ред е работата и резултатите на женската сениорска ракометна репрезентација.
По дискусијата за женската репрезентација беше предложено да се продолжи мандатот на селекторот Кристијан Грчевски најмалку до крајот на квалификациите за Европското првенство што ќе се одржува во 2026 година.
„Напредокот во нашата женска репрезентација е очигледен, можеби не се одвива во темпо какво што ние сите се надеваме и посакуваме, но најважно е што се движиме во вистински правец. Честитки до стручниот штаб и селекторот, кои покажаа дека добро работат и затоа моја предлог е тие да останат на чело на националниот тим до крајот на квалификациите за ЕП, во 2026 година“, изјави Мукаетов, чиј предлог беше едногласно прифатен од членовите на Управниот Одбор.
Предлогот беше усвоен и Грчевски останува селектор на женската сениорска репрезентација. Под негово водство, Македонија на последното Европско првенство 2024 година освои бод против Турција, последен после долго време.