Ако се сметаше дека ситуацијата во таборот на Манчестер Јунајтед не може да биде полоша со поразот од 0:3 од Борнмут на домашен терен сите се излажаа. Може. Мејсон маунт се повреди на дербито со Сити, беше заменет од Коби Мајно. Менаџерот Аморим веднаш кажа дека тој ќе паузира извесен период но не дате подетални информации.
Сепак, денеска на социјалните мрежи излезе информацијата дека тетивата, која што страдаше кај Маунт ќе го оддалечу десетина недели од теренот и дека тој би можел да се врати дури во март.
Ова е само уште еден удар за лошата ситуација на тимот, кој мака мачи да сврзе два добри мечеви во серија и да биде колку толку во подобра положба на табелата.
За прв пат во историјата на Премиер лигата, Јунајтед за време на Божиќните празници е во долниот дел од табелата. Во моментов е тринаесетти.