Омерагиќ најави смена на сите селектори во младинските репрезентации и зголемување на судиските такси!

2046

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, уште на својот прв работен ден во својство на претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ имаше брифинг и дружење со новинарите. Како прво истакна дека тој максимално ќе се залага за транспарентност во својата работа, рече и тоа дека ќе биде достапен за медиумите за било какво прашање, на било која тема.

Дека на првиот работен во својата агенда имаше дружба со претставници на медиумите, тоа кажува нешто.

Инаку како одговор на прашање на новинарите, Омерагиќ, секако дека тука беше и спортскиот директор на репрезентациите, Горан Пандев, посочи дека воопшто не е задоволен од работата на селекторите во младинските селекции и дека сите ќе бидат сменети. Покрај другото кажа и тоа дека тој и неговиот тим имаат планови и амбиции и тоа како да се подобрат резултатите во овие категории кога станува збор за младинските селекции. Во таа насока е изборот на Ѓорѓи Христов за технички директор на младинските селекции на Македонија.

Омерагиќ не го криеше своето незадоволство од Академијата на ФФМ, посебно за просториите. Тој ги повика новинарите сами да се уверат за тоа и вети дека во блиска иднина работите сигурно ќе се поправат.

Кога сме кај судиите, новиот претседател на ФФМ, рече дека новото раководство на Федерацијата има намера да им ги зголеми таксите на судиите и тоа најмалку за 80 отсто. Секако дека ова е добра работа за делителите на правдата кои досега беа со најмали такси на овие простори.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СПОНЗОР НА КОШАРКАРСКИ КЛУБ СТРУМИЦА
СледноЃорѓи Христов: Функцијата технички директор за мене претставува чест, но и голема обврска!