Потврдена најлошата можна вест за навивачите на Арсенал!

224

Букајо Сака заработи повреда и ќе отсуствува подолго време. Како што откриваат сигурни англиски извори, повредата на задната ложа воопшто не е безопасна, а Сака ќе отсуствува неколку недели.

Поради слична повреда, голманот на Ливерпул, Алисон Бекер паузираше околу два месеци, а доколку Сака не биде на теренот осум недели, ќе пропушти клучен дел од сезоната. Иако, некои тврдат дека во најдобар случај Сака би можел да се врати во рок од шест недели.

Но, и во тој период Арсенал има навистина пеколен и тежок распоред.

Арсенал до крајот на годината има три првенствени натпревари против Ипсвич, Брентфорд, Брајтон, а потоа на почетокот на 2025 година ги продолжува куп натпреварувањата, на 8 јануари против Њукасл во Лига купот и на 12-ти против Манчестер Јунајтед.

А потоа ќе има серија нови натпревари во ПЛ, бидејќи на „Емирати“ доаѓаат Тотенхем и Астон Вила, а потоа и Динамо Загреб во Лигата на шампионите.

Кон крајот на јануари има гостувања кај Волвс и Џирона во последното коло од Лигата на шампионите.

Февруари започнува со дербито со Манчестер Сити, на „Емирати“, потоа реванш полуфиналето на ЕФЛ со Њукасл на гости.

Навивачите се надеваат дека Сака би можел да биде подготвен за гостувањето кај Лестер или дуелот со Вест Хем на 15 или 22 февруари.

ПретходноАморим: Сакаме да постигнеме гол, но премногу сме нервозни
СледноДенеска на седница на УО ќе биде одреден терминот за Редовното Изборно Собрание!