Салах: Што и да се случи понатаму, јас сум горд на постигнувањата со Ливерпул

143

Ливерпул уште еднаш го слави својот херој во името на Мохамед Салах. Тој синоќа по којзнае кој пат беше најдобар играч на тимот со голови и асистенции во победата над Тотенхем, а по мечот повторно се освна на неговиот статус и сеуште непотпишаниот нов договор.

„Одлично е да се постигне ова во толку голем клуб, но најважно е што го добивме натпреварот. Каде и да ја завршам кариерата, среќен сум со ова достигнување“, –  изјави Салах за Sky Sports па додаде.

“Бевме прилично добри во нападот, во транзиција. Сепак, треба да ја подобриме нашата дефанзивна игра како тим. Тешко е да се примат три гола. Сепак, резултатот е добар и се надевам дека ќе продолжиме понатаму”, изјави Египјанецот во врска со самиот натпревар. .

Салах влезе во историјата на Премиер лигата откако стана првиот играч во историјата на лигата кој забележал двоцифрени голови и асистенции пред Божиќ. Досега Салах има 15 голови и 11 асистенции на 16 првенствени натпревари.

“Не размислував за тоа пред натпреварот, но мило ми е што го направив тоа. Тоа е нешто што ме прави горд. Ќе продолжам да работам напорно”. – рече Салах.

ПретходноСтефанов објави кандидатура за претседател на РФМ, Изборното собрание е закажано за 1. март
СледноЃорги Христов е нов технички директор