Нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски ќе има нов тренер. Валенсија е последна во Примера, а по последниот меч викендов во кој се одигра 2:2, на домашен терен менаџментот на клубот реши да му каже збогум на досегашниот тренер.
Рубен Бараха доби отказ и клубот ќе има нов тренер. Сеуште нема ниту шпекулација кој бил можел да го замени, но кој и да биде веројатно полошо од ова не може.
Валенсија ужасно ја започна сезонава, последна е на табелата и ќе мора сериозна работа за да се обезбеди опстанок.