Ѓорги Христов е нов технички директор

985

Македонската фудбалска легенда, Ѓорги Христов, кој што е дел од новата структура во Фудбалската Федерација на Македонија, заедно со сега веќе назначениот нов претседател Масар Омерагиќ ќе ја превземе функцијата на нов технички директор за младински селекции.

Христов со години е дел од македонскиот младински фудбал, просто речено, фудбалскиот работник број еден во нашата земја по ова прашање. Беше дел од повеќе екипи, низ неговите раце минале стотици млади фудбалери, а тој беше и творецот своевремено на оваа врвна генерација на Мателург во младинските категории кога овој клуб освои се што е можно од пионери, кадети до младинци. Даде огромен број на младинскин репрезентативци кои дел се и ден денес А репрезентативци на Македонија.

Новото раководство на ФФМ сериозно ќе се нафати со реконструкција на работата во овој сегмент, со младинските категории од секаков аспект. Преку клупскиот до репрезенаттивниот, а особено во ФФМ академијата. Токму затоа Христов е назначен за прв човек на оваа многу специфична функција, која што бара многу ангажман, посветување и време. Но тука Христов е експерт и веруваме дека ќе има успех. Инстант резултати нема, никогаш и немало, но ако новото раководство на ФФМ се потпира на луѓе како Христов нашиот фудбал има иднина.

 

ПретходноСалах: Што и да се случи понатаму, јас сум горд на постигнувањата со Ливерпул
СледноБерат Луш дебитираше за Галатасарај, чекаме да дебитира за Македонија