Александар Чеферин: Масар ти честитам на изборот за претседател на ФФМ

271

Не престануваат честитките на адреса на новиот претседател на Фудбалската Федерација на Македонија, господинот Масар Омерагиќ. Тој на вчерашното вонредно собрание на ФФМ беше изран за нов претседател со акламација, а веќе денеска го имаше и првиот работен ден во просториите на Федерацијата.
Нема време за чекање, него и неговиот тим го чека многу работа.

Токму во оваа насока, е и честитката од страна на првиот човек на УЕФА, претседателот Александар Чеферин кој со официјално писмо го поздрави изборот на Омерагиќ и му честита на функцијата.

„Масар, бидејќи одблизу го знаете притисокот од играњето и менаџирањето со фудбалот на највисоко ниво, верувам дека со сето срце ќе го прифатите потенцијалот на фудбалот во Македонија и ќе продолжите да ги бележите точките за напредок, кои вашата федерација и вашата држава го заслужуваат“. – стои во писмото од првиот човек на УЕФА.
Претставници од УЕФА во името на Денис Бастари како и на ФИФА во името на  Марија Гавар беа присутни на вчерашното вонредно собрание на ФФМ, по службена должност што се вели, но честитката од првиот човек на Европскиот фудбал секако дека е нешто посебно.

ПретходноБерат Луш дебитираше за Галатасарај, чекаме да дебитира за Македонија
СледноСтоле Димитриевски ќе има нов тренер, Валенсија му врачи отказ на Рубен Бараха