Интер и кога не блеска знае како се победува!

101

Вечерва на “Џузепе Меаца“ во меч од 17.коло во Серија А, Интер со 2:0 успеа да го победи тоталниот аутсајдер, тимот на Комо. Реално шампионот не блескаше, сепак најважни се трите бода во битката за опстанок, и реално не беше баш така лесно како што се очекуваше.

Составот на Симоне Инзаги дојде во водство со голот на Карлос Аугусто во 49.минута, за да мечот го “затвори“ Тирам со “бомба“ во 90+2.минута.

Па така со овие нови три бода Интер сега има 37 бода и се наоѓа на третата позиција на табелата со -3 бода од лидерот Аталанта, но и со меч помалку. Втор е Наполи со 38 бода и исто така со меч повеќе од шампинот.

ПретходноЕве како мина првиот работен ден на новиот претседател на ФФМ: Масар на средба со вработените, со Милевски, со новинарите! (ВИДЕО)
СледноНено солиден во убедливата победа на Милано