Македонската ракометна репрезентација од вчера е во Стара Пазова каде се подготвува за настат на Светското првенство 2025 година. Нашиот најдобар национален тим е во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја, а мечевите ќе ги игра во Вараждин.
Селекторот, Кирил Лазаров во стручниот штаб има едно ново име. Станува збор за Наум Танески, тренерот на Струга и селектор на кадетската репрезентација. Како и до сега улогата на асистент ќе продолжи да ја извршува Билјана Црвенкоска. Тренер на голманите останува Нинослав Павелиќ.
Македонија првиот меч на СП го игра против Унгарија на 15-ти јануари, два дена подоцна ќе ги одмери силите со Холандија, додека групнат фаза ја затвара против Гвинеја. Првите три репрезентации ќе се пласираат во главната рунда, а таму ќе играат против трите најдобропласирани селекции од групата во која се наоѓаат Франција, Катар, Австрија и Кувајт.