Екипата на Манчестер Јунајтед во моментов е 13. на табелата во Премиер лигата. Проблемите на новиот менаџер Аморим се големи, тимот и натаму не може да сврзе два до три натпревари со позитивен резултат и тоа се нешта кои мора веднаш да се поправат.
Шанса за такво нешто Јунајтед има веќе во четврток, кога се игра новото коло од Премиер лигата, а тимот гостува кај Вулверхемптон. Во католичкиот свет, во моментов се слави Божиќ најважниот празник, но според менаџерот на Манчестер тоа е во моментов споредно нешто.
„Не ми е гајле ниту за Божиќ ниту за ништо друго освен да победам. Фокусиран сум единствено на тоа. Навивачите треб да видат среќни поради ова. Играме на Boxing Day, и со победа ќе им го разубавиме уште повеќе денот. Секако победата ќе не израдува и нас самите“ – изјави Аморим.