Батум повеќе не е сопственик на АСВЕЛ

220
Foto> Screenshot/Twitter

Поранешниот капитен на француската кошаркарска репрезентација, Николас Батум повеќе не е дел од сопственичката структура на еден од најдобрите француски кошаркарски тимови, АСВЕЛ Вилербан.

Седум години откако влезе како акционер и директор за кошаркарски операции, Николас Батум го напушти клубот.

Батум наводно решил да се дистанцира од проектот бидејќи претседателот на клубот Тони Паркер решил да соработува со „Smart Good Things“ и „Fedcom“. Ова предизвика многу малцински акционери да се спротивстават на продажбата на клубот на почетокот на 2023 година.

ПретходноРистовски потпиша за Кавала
СледноВан Нистелрој: Ливерпул е доминантна сила